Хорнер: Канада може да биде пресвртница за Макс

104

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, верува дека Големата награда на Канада може да биде иснгал за големи промени во среќата кај Макс ВЕрстапен. Холанѓанецот имаше инциденти на сите трки до Канада, а секако дека сударот со Рикардо и излетувањето во ограда во Монако беа најтешки.

Хорнер невообичаено за него, го критикуваше возачот по сударот во Монако, но по доброто издание од Монтреал беше полн со пофалби за возачот.

Заврши супер работа, навистина има возбудлив талент. Се надевам дека среќата за него ќе се промени силно затоа што видовме фантастични перформанси од него викендов – полн со пофалби е Хорнер.

Викендот не почна добро за него особено по коментарите дека би удрил некој со глава доколку продолжат прашањата околу неговите инциденти на патеката.

Тоа е дел од она што го прави него многу возбудлив возач – истакна Хорнер алудирајќи на блиската борба со Валтери Ботас на почетокот на трката помеѓу првиот и вториот свиок на Жил Вилнев.

Имаше чист викенд цело време и сигурен сум дека тоа ќе му донесе многу самодоверба за трките кои следуваат.


Booking.com

Хорнер: Канада може да биде пресвртница за Макс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>