Хорнер зачуден што Мерцедес не се договориле пред трката

167
   

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер е зачуден зошто Мерцедес не му ставиле јасно до знаење на Валтери Ботас пред почетокот на трката дека сакат да му помогне на Луис Хамилтон да победи на трката. Изгледаше дека финецот ќе стигне до својата прва победа пред неговиот тим да побара од него да се тргне и да ја предаде својата позиција на колегата кој се бори за титула.

Хорнер не е изненаден од таквата одлука и смета дека и тој би го направил истото, но тоа што го зачудува е фактот што “сребрените“ не договориле се пред почетокот на трката.

Од тоа што јас го гледам, Ботас не е воопшто среќен, но очекувано беше целото сценарио да биде дискутирано пред трката. Ситуацијата не требаше да биде изненадување за нив, јас сум изненаден како и сите други затоа што изгледа дека лесно се заборава дека Формула 1 е тимски спорт и сите возачи возат за тимот.

Изненаден сум и збунет за начинот на кој се беше изведено и фактот што се не беше договорено пред почетокот на трката – изјави Хорнер за Autosport.

Кристијан откри дека да бил тој на место на Тото Волф, стратегијата на тимот би бил иста.

Во оваа ситуација, Мерцедес може да не биде шампион само со незавршени трки. Борбата во возачкиот поредок и конструкторскиот поредок е константна битка. Јасно е кој победува во таква ситуација, но чуди тоа што се не беше договорено пред трката.


Хорнер зачуден што Мерцедес не се договориле пред трката

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>