Хорнер задоволен од трката на Рикардо

61

По проблематичната Сабота, Даниел Рикардо беше Возач на денот во Будимпешта, почна од 12то место, падна на 16то по првиот круг, но на крајот заврши на 4то.  Најголемите возбудувања дојдоа на два круга пред крајот кога во обидот да го мине Валтери Ботас, австралијанецот беше иструкан од патеката, но буквално во последниот круг повторно се обиде на истото место и мина.

Одлично враќање на Даниел кој првиот круг го заврши на 16то место, се бореше и напредуваше низ поредокот правејќи неколку одлучувачки претекнувања кои го донесоа на 5то место на средина од трката.

Промени на ултрасофт за последните 26 кругови и почна д ја стигнува групата во која беа Ботас и болидите на Ферари пред него, а откако Велтери и Себастијан имаа контакт, “ранетиот“ Мерцедес го удри и Даниел додека тој се обидуваше д амине на првиот свиок и му предизвика значителна штета. Но, Даниел успеа да продолжи и конечно да го мине во последниот круг превземајќи го 4то место на крајот од трката – објаснува Хорнер.

Од друга страна, трката на Макс Верстапен беше лоша, а проблемот со моторот во 6от круг беше фрустриачки додека тој се возеше на 5то место и имаше шанса за подиум согласно ритамот кој го имаше.

Макс имаше фрустрирачки ден со расипувањето на моторот на 5 кругови пред крајот на трката. Имаше одличен старт и знаевме дека има конкурентен болид и ќе се бореше за подиум како што видовме од Даниел. Многу сме фрустрирани и разочарами што ќе мора тој да добие нов мотор и казни на неговата речиси домашна трка на белгиска Спа.


Хорнер задоволен од трката на Рикардо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>