Шефот на Ред Бул, Кристијан е задоволен од трката на Пјер и покрај тоа што неговиот француски возач не успеа да стигне до поени на дебите за екипата од Милтон Кинс.

Гасли ја започна трката од 17то место откако Ред Бул вчера погрешно ја проценија еволуцијата на патеката и го оставија Пјер надвор од квалификациите ушет од К1. Најголем дел од трката тој мина заглавен зад Даниил Квјат од Торо Росо кој не успеа да го мине дури и покрај тоа што имаше посвежи гуми од него.

гасли извозе силна трка денеска и немаше среќа што не дојде до поени – изјави хорнер.

Објаснувајќи го своето задоволство од Гасли, тимскиот шеф дополни дека возачот бил закочен од болиите пред него кои исто така имале ДРС што значи дека било тешко да се престигнат.

за жал се најдовме во воз од болиди кои користеа ДРС. торо росо беа многу брзи на правците денеска и веројатно возеа со помалку потисна сила од нас, а дополнителниот грип кој го имавме од најмкеата компонента не беше доволно да се пробиеме до топ 10. сметам дека гасли заврши добра трка денеска, добро се врати, но овдека е тешко да се мине.

Макс Верстапен со другиот Ред Бул успеа да го мине Себастијан Фетел со користење на ДРС, но Гасли се согласува со својот шеф дека било тешко.

почнавме од 17то место и знаевме дека ќе биде многу тешко да се вратиме до поени. лани имаше само 4 претекнувања на целата трка, не знам колку беа сезонава. се обидов и дадов се од себе, но за жал завршив без поени.

имав заглавени остатоци во предното крило, а бевме и во група на возачи кои возеа со ДРС поради што не можев да дојдам доволно блиску до торо росо на правците. тие беа многу брзи цел викенд – смета гасли.

Запрашан од страна на Sky дали Гасли е под притисок, Хонре негираше:

многу е рано, но во формула 1 секогаш постои притисок иако денеска беше одличен. ќе се надогради на овој викенд многу лесно, а фидбекот од него е силен. знаеме дека има ритам и треба да му дадеме време.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.