Хорнер: Домашна победа е наш сон

75
   

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер беше пресреќен и ја опиша денешната победа како резултат од соништата, откако Верстапен победи на трката во Австрија на патека која е во сопственост на компанијата. Ова е прва победа за Ред Бул на домашен терен откако се во спортот.

Холанѓанецот ја однесе победата откако стартуваше од четврта позиција на патеката во Спилберг и ги задржа двете Ферари во последниот дел од трката зад себе.

Му симнувам капа, навистина зрела трка бидејќи работата со гумите беше клучна. Се појавија оштетувања на гумите, но тој сепак успеа да ја задржи температурата на вистински начин. Тој ја чуваше задната лева гума поладна од десната за да го намали притисокот. Цело време бараше информации за гумите и како да направи тие да не се оштетат. Навистина зрело извозе. Ова е резултат од соништата. Ред Бул Ринг, Ред Бул болид, Макс со неверојатна трка од првиот круг – анализира шефот.

Ред Бул ја превзеде инцијативата по Виртуелното безбедносно возило со двојно влегување на болидите во бокс, додека Мерцедес го задржа Хамилтон надвор. Хорнер е задоволен од потегот и ги пофали неговите стратези.

Поради тимската работа, денес го пратив Џонатан да го добие трофејот. Два извонредни пит стопа. Треба да верувате во момците кога правите двоен пит стоп, со брзината со која работат тие момчиња и блискоста на болидите. Тоа беше моќен потег да се направи вистинското нешто и да се дојде до резултатот.

Верстапен ги задржа двете Ферари зад себе ,а Хорнер изјави дека тие не биле закана за Макс во ниту еден момент од трката.

Тие не ни можеа ништо денес. Изненаден бев што Ветел не беше побрз и по боксот на Луис тој не излезе позади. Тоа ни покажа дека темпото на Ферари не е ништо посебно. Во игра бевме до крајот на трката.

Сепак другиот возач на Ред Бул, Даниел Рикардо не ја заврши трката. Хорнер изјави дека австралијанецот барал брзо решение, но тоа не било можно.

Имаше истекување од издувот и температурите беа огромни, ние се надевавме дека ќе продолжи и ќе се лади, но не успеа во тоа.

Следната недела е трката во Британија и Хорнер го очекува истиот резултат.

Ред Бул Болид, Ред Бул Ринг, Дитер Матешич дадоа се за Формула 1. Тој е тука со нас и не може да е подобро. Мора да го повториме ова и на наредната наша трка.


Хорнер: Домашна победа е наш сон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>