Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, го опиша Мексиканското Гранд При како горко, откако Макс Верстапен победи, а Даниел Рикардо се откажа при крајот поради проблеми со хидрауликата. Втора година по ред холанѓанецот доминира во Мексико, но австралијанецот одлично се бранеше со стари гуми против Фетел, но неговиот РБ14 по 8ми пат сезонава не издржа трка расипувајќи се.

По трката, Рикардо изјави дека повеќе не гледа поента да ги вози последните две трки и дека слободно може да му го предаде “проколнатиот“ болид на неговиот наследник Пјер Гасли. Хорнер се сочувствува со својот возач и смета дкеа на последните две трки тој може да се врати во форма.

Тој е енормно разочаран, неговите емоции се разбирливи. Така е не само со него, туку и со целата екипа која чекаше 1-2 триумф кој ќе беше многу важен за нас. Поради тоа победата има горчлив вкус, слатка поради начинот на кој Макс Верстапен возеше и доминираше, но горка поради Даниел Рикардо чиј болид не издржа во моментите кога тој зад себе го држеше Себастијан Фетел.

Неговата фрустрација е разбирлица и се надеваме дека црниот облак кој го следи ќе се дигне на последните две трки и тој ќе дојде до далеку подобри резултати – анализира шефот Хорнер.

Иако Ред Бул веќе подолг период “не се мирисаат“ со Рено, Кристијан ги пофали французите за перформансите кои ги имале во Мексико Сити.

Морам д ги пофалам Рено, ни дадоа мотор кој викендов по овие услови беше одличен и на ниво на нашите конкуренти. Тоа ни овозможи да го окупираме првиот ред на квалификациите и да победиме на трката со доминација од почеток до крај. Теортески требаше да имаме и 1-2 победа на крајот.

Надморската височина на оваа патека јасно дека не одговара на некои од нашите ривали и тоа го стави Рено во многу добра положба, а нашиот пакет го направи многу конкурентен. Поради тоа од поодамна сме фокусирани на ова атрка, земаме казни на други настани само за да бидеме посилни овдека – заврши Хорнер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.