Хорнер: Верстапен нема да биде популарен во Италија

340
   

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, одигра клучна улога на трката во Јапонија. Најпрво имаше контакт со Кими Раиконен по што доби казна, а потоа и судар со Себастијан Фетел кој се изврте. При менувањето гуми тој отслужи 5 секунди казна за сударот со Кими, но до крајот го притискаше и Валтери Ботас за втората позиција.

Кристијан Хорнер изјави дека одлуката на стујардите да не го казнат по втор пат била коректна.

Очигледно беше дека е тркачки инцидент. Тоа беше реакција многу доцна за Фетел и доста опуртунистички обид од него. Тоа го чинеше Себ многу, беше во последен момент и ги заврши аспирациите на Себ за титулата и мислам дека Верстапен нема да е популарен во Италија некое време – смета шефот на Ред Бул.

Хорнер потврди дека е задоволен со темпото на Ред Бул. Неговите возачи завршија на 3то и 4та позиција откако ги победија Ферари.

Во трката бевме конкурентни. Изгубивме дел од аеродинамиката и го притискавме Ботас, но на крајот ни фалеше уште некој круг – дополни Хорнер.

Даниел Рикардо има уште 4 трки во Ред Бул. Тој имаше неколку лоши викенди во последно време, а во тој стил беа и вчерашните квалификации. Кристијан признава дека би сакал да го види неговиот возач уште еднаш на подиум со Ред Бул.

Се надевав дека ќе има силен викенд, сакам да го видам Даниел на подиум. Се надевам тоа ќе се случи во Мексико.


Хорнер: Верстапен нема да биде популарен во Италија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>