Хорнер: Верстапен немаше трпение

155

Иако Кристијан Хорнер смета дека неговиот холандски возач Макс Верстапен бил премногу нетрпелив сезонава, смета дека тој ќе научи од своите грешки. Сезонава не тргна како што треба за Макс и по 4 трки тој има само 18 освоени поени.

Имаше контакти со Хамилтон и Ветел, а како “шлаг на тортата“ беше последниот инцидент со Даниел Рикардо во Азербејџан.

На крајот ќе излезе на другата страна од овие проблеми и најважно од се е да научи од своите грешки. Почетокот на оваа сезона е тежок за него и во многу случаи имаше премалку трпение. Сепак, тој има огромна самодоверба и ги признава своите грешки, знаејќи дека само на тој начин може да научи од нив.

Друга работа од која имаше корист или ќе има корист е тоа што неговиот тимски колега е готов производ и е на друга страница од својот развој. Тој може да учи лекции од Даниел затоа што по инцидентот покажа голема почит кон него. Даниел Рикардо е одличен репер за Верстапен – заклучи Хорнер.


Хорнер: Верстапен немаше трпение

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>