Хорнер бесен на Рено

283

“Моторот на е под сите стандарди” изјави бесниот Кристијан Хорнер по откажувањето на Макс Верстапен на трката во Унгарија откако откажа МГУ-К. Холанѓанецот со својот РБ14 болид успеа да комплетира само 6 кругови на Хунгароринг.

Може ли да отидам и да го пр***** целосно. Не ми е гајлое ако моторот екслодира. Каква е**** шега цело време со овој *****. Искрено – сочно се дереше Верстапен преку радиото.

Тој стартуваше од седмата позиција, но дојде до 5та откако уште пред првата кривина ги мина Пјер Гасли од Торо Росо и Карлос Саинз на Рено. Неговиот мотор откажа и мораше да се паркира покрај патеката предизвикувајќи го првото Виртуелно безбедносно возило на трката.

Но неговиот шеф не штедеше зборови во критиките кон Рено.

Нема што да кажувам. Плаќаме многу милиони фунти за овие мотори што треба да се прва класа и ремек дело, а очигледно не е така и постојано се расипуваат. Ова е фрустрирачки. Тоа е тоа. Ќе го оставам Сирил да се правда подоцна.


Хорнер бесен на Рено

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>