Хонер смета дека новите правила се “разводнуваат“

77
   

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, се плаши дека промените во правилата по 2021 година веќе го губат својот фокус иако нема официјална потврда истите. Либерти Медиа неколку пати го менуваат рокот за официјално претставување на финалната верзија на правилата во спортот по крајот на актуелниот Конкорд договор.  Но, Хорнер смета дека несогласувања помеѓу Либерти и ФИА која е регулатор на спортот може да доведе разводнување на правилата кои првично беа најавени во Април.

Мислам дека најголем предизвик за Либерти се правилата и изгледот на спортот од 2021 година. Проблем се појавува доколку ФИА и промотерот (Либерти) не се согласуваат целосно околу правилата и на тој начин завршиме со компензација, разводнување и ванила-правила. Мора да постои чистина и јаснотија за спортот да се движи кон напред, да се знае каде ќе биде спортот, кои правила ќе се користат и за тоа да постои согласност.

Либерти платија 8 милијарди за овој спорт и мораат да го претворат во нешто многу атрактивно. Мора да има фантастично тркање, но постојат проблеми со трошењето и распредлбата на приходите кои требада се решат.

Јасно е дека ФИА е регулаторот и мора целосно да се согласуваат со промените, а нас не загрижуваат дискусиите во врска со моторите и нормално правилата во однос на шасиите. Изгледа дека сите го омекнуваат и разводнуваат својот став во однос на првичниот концепт – појасни првиот човек во Милтон Кинс.

Хорнер често не се согласуваше со Тото Волф во врска со следните правила, но во овој момент се чини дека се на иста страна.

Традиционално, ако се гледаат целите, Кристијан и јас сме секогаш на различна страна. Јас секогаш сакам моторот да е главен, а Кристијан сака акцент да биде ставен на шасијата. Но, сметам дека во моментов е најважна транспарентноста и јасната насока, да знаеме што ќе се случува во 2021 година, какви ќе бидат правилата како за моторите така и за шасиите.

Договор е неопходен што побрзо за да може да се придвижат работите и да се избегне огромно трошење во посленда минута. Тоа е многу важно и се надевам дека на состанокот следната недела ќе разбереме повеќе и ќе видиме како ќе заврши – појасни Волф.

Првиот човек на Торо Росо, Франц Тост, за разлика од Тото и Кристијан, е поголем оптимист.

Убеден сум дека Либерти ќе не однесат во правилна наск во иднина. Важно е спортот да биде промент во однос на трошоците, а тоа што сакаат да го направат е целосно исправно што се однесува до трошењето. Дали е ограничување на трошењето или регулирано со правилатае друго прашање.

Потоа, тука е и дистрибуцијата на парите која во моментов не е фер и малите екипи добиваат ништо во споредба со големите.

Ќе смислат нови технички правила за шасиајта, но исто и за моторот. Во однос на агрегатот, регулативата треба наскоро да биде готова, но ќе се променат и спортските правила, теми кои сметам дека се движат во правилна насока.

Она што ни треба не се две класи како што е сега, три тимови и потоа остатокот од светот. Ни требаат десет екипи кои се блиску една до друга или барем 4-5 тимови кои се борат за победи и титули. Тоа мора да биде целта, во спротивно Формула 1 нема да биде итнересна во иднина. Мислам дека Либерти Медиа го разбираат тоа и поради тоа јас ги поддржувам – заврши Тост.


Хонер смета дека новите правила се “разводнуваат“

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>