За прв пат во турбо хибридната ера, јапонците од две сезони по ред ќе имаат исти концепт на својот мотор, со цел да се колку што може поконкурентни на почетокот од своето ново партнерство со Ред Бул.

Јапонците се вратија во Формула 1 во 2015 година со Мекларен и имаа три неконкурентни сезони со екипата од Вокинг. Лани се префрлија во Торо Росо и ја снабдуваа само екипата од Фаенца, а по летната пауза и Ред Бул решија следните две години да земаат мотори од Сакура.

Моторот на Хонда за 2019 година ќе биде еволуција на дизајнот кој јапонците почнаа да го користат уште во 2017 година и за кој веруваат дека сеуште го нема стигнато својот потенцијал како концепт и ќе им гарантира подобра издржливост во сезоната која следи.

ќе продолжиме со истиот дизајн, истиот концепт односно мотор. не знаеме точно колкав е лимитот на истиот затоа што сеуште не сме го постигнале, но веќе менувавме концепт и тоа не е многу лесно. во 2018 година тоа што веќе го имавме почнато го подобривме во однос на издржливост и перформанси. Во моментов сметаме дека е правилно да продолжиме со овој концепт, ни одговара и ќе го користиме и подобруваме – изјави техничкиот шеф на хонда, тојохару .

Скорешните шпекулации велеа дека во Хонда наишле на проблеми околу новиот мотор при тестот на истиот, односно се појавиле големи вибрации, нешто на што во моментов се работи под полна пареа. Јапонците постигнаа голем напредок сезоната што мина, што беше клучно за да се убеди Ред Бул да мине на нивни мотори од оваа година.

кога се менува концептот на моторот, тешко е да се задржи издржливоста на истиот. зависи од дизајнот, но јас се чувствувам сигурно што продолжуваме со истиот концепт, ќе имаме нова екипа и нов дизајн на болид. полесно е кога продолжувате со исти концепт затоа што самата инсталација во нов болид е проблем.

торо росо и ред бул комуницираат и поради тоа ќе биде лесно моторот да се смести во шасијата на ред бул. исто ака, тие може да комуницираат и при било каков проблем во однос на шасијата и потоа да се консултураат и со нас.

ако имаме нов дизајн, или дизајн што е многу променет, ќе имаме многу повеќе работа и поголема несигурност – заврши танабе.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.