ќе ја врати својата претходна спецификација во болидот на торо Росо за Мексиканското Гранд При, а поради тоа Пјер Гасли ќе мора повторно да стартува од последниот ред, втора трка по ред. Хартли и Гасли користеа најнов мотор на на претходните две трки, но во Мексико ќе се вратат на стариот мотор, поради тоа што јапонците мораат да ја калибрираат последната спецификација за работа на голема надморска височина и сметат дека подобро го разбираат стариот мотор.

Надморската висина го прави воздухот во Мексико Сити многу редок што значи дека процесот на согорување е различен, а турбо полначот работи понапорно за да компензира да недостатоците. Гасли и Хартли имаат на располагање стари спецификации, но Пјер сепак ќе заработи казна поради недоследности со моторот кој го користел во Америка.

Спорниот мотор е вратен во фабриката на хонда во Сакура за проверки, така што Пјер на денешнтие тренинг сесии ќе вози нов мотор од последната спецификација со цел да има таков во својот кош за некоја од следните трки поради тоа што “американскиот“ не може да биде спасен. Новиот мотор за денеска значи промена на различни компоентни и казна од 15 места на гридот и старт од последниот ред втора трка по ред, односно 3та на последните четири тркачки викенди. Предивдено е Гасли да вози со третата спецификациај само на Т1.

Хонда силно работат на својата последна спецификацја на мотори со кои возеа во САД минатиот викенд откако претходно во Русија и Јапонија ги решаваа проблрмите со калибрација, оптимизација и осцилации на менувачот.

Имаме сомнеж околу моторот кој го користевме во Остин во болидот на Гасли и истиот е пратен во фабриката во Сакура за целосно да се испита поради што не знаеме дали ќе моежем повторно да го користиме годианва. Поради тоа, земаме нов мотор од трета спецификација за Мексико за да го има на располагање за остатокот од првенството.

Причината поради која се враќаме на старата спецификација од пред Русија е поради што подобро ја разбираме за специфичните услови кои владеат во Мексико Сити – појасни Тојохару Танабе, техничкиот шеф на јапнска Хонда.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.