Според швеѓанецот од Заубер, Маркус Ериксон, моторот на Хонда има огромен напредок сезонава и е многу посилен одошто сите мислат. Пјер Гасли стигна до два поени на ултра брзата Спа Франкошамп со Торо Росо, а тимот веќе има 30 поени сезонава, исто како и Мекларен во текот на трите тешки години партнерство со Хонда.

Со втората своја спецификација претставена во Канада, јапонците многу ги подобриле возните карактеристики, што ги натера и Ред Бул следните две години да користат нивни мотори.

Ериксон беше сведок на напредокот на Хонда во Белгија кога едвај го мина Торо Росо и покрај тоа што користеше ДРС.

Бев во ДРС зоната на Гасли и не можев да го претекнам, не можев ни да му се доближам. Мислам дека тоа е доволен показател за напредокот кој го направи Хонда. Сеуште верувам дека Мерцедес и Ферари имаат најсилни мотори, но потоа следува Хонда. Тоа го потврдив додека се тркам со нив – смета швеѓанецот.

Иако максималните брзини не се многу релевантен показател, јапонците секоја година се подобруваат во тој аспект. По Белгиското Гранд При, Пјер Гасли повторно изненади во Италија кога се квалификуваше во последниот сегмент со најбрзите 10 болиди на пребрзата Монца.

Подобрување значително има и кај издржливоста откако неколку пати направија текатичка промена на мотор, не поради дефект, туку за да бидат подготвени за трките кои повеќе им одговараат. Освен што ги менаџираат своите мотори многу помоќно од порано, видлив е и напредокот ако се спореди со многу брзиот Баку од почетокот на првенството.

За разлика од трите останати производители, Хонда не донесе нов мотор на најбрзите два автодроми каде се возеше по почетокот на летната пауза, но и покрај тоа Гасли успеа да завршува пред Вилијамс, Форс Индија, Хаас и Заубер. Јапонците имаат предност и во однос на фабричкиот Рено и Мекларен во Италија, иако французите возеа со својата втора спецификација.

Како пакет заедно со Системот за менаџирање на енергијата се мина во најдобар ред. Сеште ги стигнуваме најсилните производители кои имаат подобри мотори од нас, така што очекуваме тешки викенди на најбрзит епатеки. Добрите резултати само ја подобруваат нашата мотивуација – изјави Тојохару Танабе, техничкиот шеф на Хонда.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.