Хонда не се откажуваат од јапонец во Ф1

114
   

Првиот човек на Хонда моторспорт, Масаши Јамамото откри дека производителот се надева многу скоро да доведе јапонец во најпрестижната тркачка серија. Формула 2 возачите Ниреи Фукузуми и Тадасуке Макино се поддржани од страна на производителот, но немаат доволно поени на своите суперлиценци за да добијат тест можности следната сезона.

Јасно е дека да се има јапонски возач на Формула 1 гридот е важно за Јапонија и за нашата компанија, но и за иднината на моторспортот во Јапонија – објасни Јамамото на прес конференцијата на ФИА.

Макино е 13ти во овогодишниот Формула 2 поредок во моментов, додека Фукузуми е 4 места зад него. Макино стигна до победа на една трка во Монца минатиот месец, додека Фукузуми паралелно со Формула 2  се трка и во јапонската Супер Формула.

Во однос на сериите во кои тие се тркаат, како што знаете има нови правила и многу промени, така што годиава таму не е многу стабилно и сигурно. Но, тие се одлични возачи и ние сме посветени за нив и веруваме во нивната светла иднина.

Последниот јапонец во Формула 1 беше Камуи Кобајаши кој својот последен настап за Катерхам го имаше во 2014 година.


Хонда не се откажуваат од јапонец во Ф1

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>