сака регулаторите во Формула 1 да ги засилата правилата околу моторите со цел да нема таканаречени сиви зони во нив.

Јапонците влегоа во спортот во 2015 година, односно во втората сезона од турбо хибридната ера и В6 моторите, но немаат никаков успех во врвот на моторспортот. Една од причините поради која не можат да стигнат блиску до Мерцедес и Ферари се “дупките“ во правилата како на пример согорувањето на масло кое им дава дополнителна моќ на ионака силните мотори.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Шефот на Хонда моторспорт, Масаши Јамамото, за motorsport изјави дека кога почнала ерата на денешните Формула 1 мотори, сите се фокусирале на истражување на сивите зони во правилата, особено тоа го правеле Мерцедес и Ферари.

ние подоцна се приклучивме во формула 1 така што бевме зад нив во однос на знаењето и разбирањето. хонда сака укинување на сите тие правила во сивата зона, сакаме да престанат и да нема повеќе никакви недоречености.

ФИА донесе правило кое го регулира дозволеното согорување на масло, а беа воведени и понатамошни рестрикции за оваа сезона како правило кое регулира дека помошните резервоари за гориво мора да бидат празни во текот на кваификациите. Јамамото е свесен дека недоречености мора да постојат и покрај тоа што оние кои ги кројат правилата се специјалисти, но не може никогаш да имаат доволно знаење.

не можеме никако да избегмене и да имаме целосно јасни правила, но во однос на екипите во спортот, имаме многу специјалисти во фиа и мислиме дека можеме да имаме подобри правила со помалку сиви сони. мислам дека може подобро од сега.

Согорувањето на маслото се правеше со цел да се засили моќта која ја испорачува агрегатот, особено на квалификациите.

Хонда напредуваше во текот на сезонава, а дел од тоа треба да му се препише на Тојохару Танабе, техничкиот шеф кој дојде од нивната Индикар програма како и долгогодишниот гуру за мотори, јасуке асаки кој беше главен за истражување и развој во Сакура. Претходно јапонците имаа само еден човек задолжен за двете функции.

причината поради која можевме да напреднеме е поради тоа што одбравме добри луѓе за да ја развиеме оваа тркачка програма и ги донесовме во формула 1 тимот и во нашата фабрика во сакура. секако дека најмнгоу ни помогна она што го научивме претходните три години. учевме многу од секоја грешка, напредувавме по грешките и така ќе биде и во иднина.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.