Хонда нема краен рок за Ред Бул

133

Рено јасно му ставија до знаење на Ред Бул дека очекуваат одговоро околу нивната идна соработка до крајот на месецов, но Хонда се тие кои не ги брзаат во Милтон Кинс да донесат одлука.

Рено доставува мотори за Ред бул од 2007 година, но во последно време имаат доста недоразбирања.

Договорите не се моја работа, тоа му го оставам на мојот претпоставен Сирил Абитебул, кој се бави со тие преговори. Но, кога се работи за техничкиот аспект, сигурно постојат рокови кои мораме да ги испочитуваме за да одредени делови бидат нарачани. Како рамка го поставивме крајот на Мај затоа што тогаш мораме да нарачаме делови за нашите муштерии, исто како и останатите производители – појасни Реми Тафин, човек одговорен за моторите на Рено во Вири.

Но, Тојохару Танабе, Техничкиот директор на Хонда е многу порелаксиран околу соработката со британците.

Како технички директор јас имам навистина мал контакт со договорите, но почнавме преговори со Ред бул во Баку и дискусиите се во тек. Во моментов не можам да поставам некој краен рок до кога очекуваме одговор – појасни Танабе.


Хонда нема краен рок за Ред Бул

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>