Хонда незадоволна од Шпанија

93

Хонда се разочарани од перформансите за Големата награда на Шпанија откако изданието на тимот не ги прикажало придобивките кои биле направени на моторот. Од одличното 4то место на Пјер Гасли во Бахреин, екипата се мачи со перформансите.

Тојохару Танабе, техничкиот шеф на Хонда, откри дека екипата темелно ги анализирала слабостите и дека биле разочарани што подобрувањата не биле видливи во Барселона.

Научивме многу од минатата трка и се што научивме го применивме на оваа. Мислам дека технички имавме одличен викенд, но резултатот до кој стигна екипата беше фрустрирачки.

Тешко е да се измерат подобрувањата на ваква трка поради што се работи за различен автодром од претходниот. Ако се вратиме повторно во Баку можеме точно да процениме колку сме напредувале во однос на времето по круг и брзината.

Петок не беше добар и пробавме со нешто различни што претходно го имавме научено и се се подобри. Тоа значи дека насоката по која се движиме е добра – појасни Танабе.


Хонда незадоволна од Шпанија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>