Макс откри дека му дозволиле да вози агресивно и во мод на моторот кој му дозволува да биде на ниво на ривалите во однос на максималната брзина.

Холанѓанецот заврши на 3то место на Алберт Парк и и го донесе на хонда првиот подиум во В6 турбо хибридната ера, откако последен пак јапонците беа на подиум на Силверстон во 2008 година. Макс го стигна и мина Себастијан Фетел кон средина на трката, а потоа притискаше и врз Луис Хамилтон.

задоволен сум од перформансите, можев да се обидам да ги стигнувам ривалите и да возам со нивната максимална брзина, тоа е напредок и има уште позитивни работи кои ќе следуваат. Валтери беше далеку напред, но јас сум задоволен од резултат и свесен дека ќе треба напорна работа за да се подобриме – објасни верстапен.

Холанѓанецот заврши 22,5 секунди зад Ботас, но при крајот ја промаши првата кривина брајќи го Луис. Тој донесе прв подиум за Ред Бул од 2014 година кога Даниел Рикардо беше на 2ро место, иако по трката беше дисквалификуван.

ако само ги споредам максималните брзини со нашите двајца конкуренти, би бил задоволен од тоа што го гледам. моторот беше одличен без никакви проблеми и со надевам дека ќе дојде времето кога ќе се борам за самиот врв.

позитивно беше тоа што се обидував да стигнам до второ место, особено по таков петок каков што имавме. задоволен сум со подиумот и успеавме да го “свртиме“ викендот во наша корист. хонда го добија својот прв подиум во в6 ерата и тоа е одличен почеток.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.