Ред Бул верува дека за прв пат следната сезона ќе имаат можност да користат квалификациски модови во текот на Формула 1 викендите, благодарение на новата соработка со нивниот партнер .

По 14 сезони минати во сорботка со Рено, во Милтон Кинс решија од оваа година да минат на мотори од Хонда, а кон крајот на сезоната, Кристијан Хорнер веќе изјавуваше дека јапонскиот мотор е посилен од оној на Рено. Доктор Хелмут од своја страна изјави дека можноста да се доближат до Мерцедес и Ферари во однос на моќта од моторот донела еуфорија и голем оптимизам во тимот.

бројките кои ги гледаме ни влеваат вистински оптимизам во однос на зголемените перформанси и за прв пат ќе можеме да користиме и квалификациски мод (party mode). Моторот на Хонда веќе е посилен од оној на рено и ако се споредат нашите ГПС податоци со оние кои ги добивме од хонда, треба да сме на нивото на мерцедес и ферари сезонава.

секако дека ни конкурентите не седат со скрстени раце, но тие веќе се на многу повисоко ниво така што напредокот кај нив не може да биде толку голем. дури и да сме 10-15 киловати зад нив не сме загрижени затоа што така беше и со рено во ерата кога освојувавме титули, знаеме дека тоа е надоместливо – смета марко.

Тимот од Милтон Кинс победи на четири трки лани, но имаше и доста проблеми во однос на издржливоста со моторот на Рено. Спротивно на нив, Хонда имаа силна година на решавање на проблемите и пронаоѓање перформанси со Торо Росо. Јапонците секако дека имаа мали проблеми во текот на сезоната, а Марко е свесен дека не може да имаат безгрешно првенство.

јасно ни е дека со издржливоста може да имаме проблем и веројатно дека со 3 мотори нема да можеме да ја комплетираме сезоната. но, ако се изберат вистинските патеки, можеме по само неколку кругови да се вратиме при врвот доколку сме почнале од позадина. нашата стратегија ќе биде таква.

од почетокот на турбо хибридната ера се наоѓаме во б категорија и ни фалеа некои 70-тина коњски сили на квалификии, а на трките редовно бевме 40-тина коњски сили зад оние кои ги следевме.

нашите гпс податоци јасно покажуваат колку губиме на правците и колку добиваме во кривините. кога ферари е при врвот со својот мотор, разликата со нив беше и поголема – заклучи марко.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.