Јапонците од сметаат дека фактот што Торо Росо ќе користи идентичен заден дел од болидот за 2019 година како и Ред Бул е огромна предност.

Ред Бул од оваа сезона ќе користи агрегати на Хонда, откако јуниорскиот тим го правеше истото минатата година. Веќе подолго време во Фаенца користат менувач и уште некои други внатрешни компоненти од Ред Бул Технолоџи, но спакувани од нив, за да не бидат потпишани од сениорскиот тим. Двете екипи следната година ќе добиваат мотори од Сакура, така што е логично да имаат идентичен заден дел од болидот.

мислам дека тоа ќе биде голема предност затоа што ние нема да имаме потреба да комуницираме со двете екипи пооделно, туку ќе добиваме еден фидбек. секако дека ќе имаат различен дизајн на кој ние ќе се адаптираме, но тоа не е многу сложено – објасни тојохару Танабе, техничкиот шеф на хонда.

Хонда требаше да има две екипи во 2018 година, но по летната пауза претходната година, Заубер ја откажа планираната соработкаа со цел да го унапреди партнерството со Ферари. Тоа значи дека 2019 година ќе биде прва во која јапонците ќе имаат две екипи во спортот од 2008 година кога освен фабричката екипа го имаа и Супер Агури.

теоретски ќе имаме двојно повеќе податоци, не само од патеката, туку и од развојот. ќе имаме две различни екипи, две различни филозофии и начини на работа. ќе имаме повеќе информации и знаење, а тоа многу ќе ни користи.

Главниот човек на Хонда моторспорт, Масаши Јамамото, откри дека приоритет за крајот на претходната сезона било зголемување на работна сила.

вработуваме во фабриката, но и на патеката каде имаме два пати повеќе луѓе. мораме да имаме и втор тим кој ќе работи на моторите во текот на трките. можеби за некои работи двете екипи ќе бидат опслужувани од исти човек, но штедењето во формула 1 не е разумно.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.