Хонда задоволни од новиот мотор

105

Хонда ја напуштија Канада задоволни од перформансите на нивниот нов мотор кој е прва надградба оваа сезона кај Торо Росо.

Иако Пјер Гасли имаше проблем во Сабота и беше приморан да се врати на старата спецификација на квалификациите, Брендон Хартли беше неколку десетинки побрз, но и покрај тоа не успеа да влезе во К3 сегментот на квалификациите.

Гасли повторно доби нови мотор за трката што значеше старт од крајот, но сепак тој успеа да стигне до 11та позиција со заостанување од 10 секунди зад Леклер кој беше на 10то место. Французинот задоволно ја напушти Канада и замина за Франција, каде прва пат ќе вози домашна Формула 1 трка.

Тојохару Танаба овој викенд го опиша како добар, но и проблематичен поради проблемот во саботата и излетувањето на Хартли во првиот круг, но сепак е задоволен од перформансите на новиот мотор.

Овој викенд имавме позитивни и негативни работи. Позитивни се дека моторот покажа раст на перформансите што е добар почеток за наредниот дел од сезоната.

Од негативната страна е проблемот со моторот на Пјер во Саботата и кратката трка на Брендон. Сепак Пјер имаше добра трка од крајот на гридот. Ние ќе се фокусираме на двајцата возачи а сето тоа ќе почне на домашната трка на Пјер во Франција за две недели.


Хонда задоволни од новиот мотор

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>