Хонда го тестираат новиот мотор пред Јапонија

110
   

Хонда ќе го тестира својот подобрен Формула 1 мотор за да се осигура дека истиот може да се користи следниов викенд на Јапонското Гранд При, откако не беше користен во Русија. 

Јапонскиот производител воведе најнова спецификација на петочните тренинг сесии во Сочи за тимот на Торо Росо, но ја врати старата спецификација за остатокот од викендот. Ова беше претпазлива мерка откако тие открија непосакувано однесување додека моторот бил користен на патеката.

Тие се убедени дека ќе може да го користат подобрениот мотор, без казна, на нивната домашна трка во Сузука, но нема да бидат сигурни се до викендов.

Мора да ги оцениме податоците од тестовите. Планираме да изведеме дино тест со новата спецификација, а потоа да се обидеме да ја оптимизираме калибрацијата. Тогаш доколку нивото на оптимизација е достојно за трка, ќе одлучиме дали ќе се користи или не – изјави Тојохару Танабе, техничкиот директор на Хонда.

Motorsport.com дознава дека моторот претрпел повисоки осцилации од очекуваното кога се користел на патеката, што влијаело над возните својства. Сите мотори поминуваат низ осцилации на патеката доколку не се калибрирани правилно во однос на фреквенциите од самата шасија.

Ходна го искуси најлошиот пример од оваа ситуација на почетокот на 2017 година кога имаа нов дизајн на моторот. Во моменталната ситуација, Хонда смета дека ќе бидат во можност да ја направат потребната калибрација во само неколку денови.

Не е многу лесно, но не е и невозможно да се оптимизира калибрацијата.

Најлесно и наједноставно подобрување е моќта. Гледаме подобрувања кои ги очекувавме. Тоа е главното нешто што го откривме викендов со новата единица.

Се радувавме што го користевме во петочните сесии. Но не сме среќни што моравме да ја вратиме назад старата спецификација за Сабота и Недела.

Гледаме позитивни перформанси со новата спецификација. Иако ситуацијата е негативна, за нас податоците се позитивни, односно најдовме области кои треба да ги подобриме при употреба во трка.

Со промените, добивме можност да споредиме не само максимална моќ, туку и однесување во бавни делови од патеката. Има многу области за кои добивме податоци викендов, на иста патека – додаде Танабе.


Хонда го тестираат новиот мотор пред Јапонија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>