Јапонска откри дека со цел да го забрза развојот на турбото од својот агрегат потпишале договор за технолошко партнерство со јапонската индустриска компанија IHI:

Пред почетокот на соработката со Ред Бул од 2019 година, јапонците даваат се од себе за да испорачаат колку што може подобар мотор, способен за победување на трка.  Иако во Сакура работат со IHI уште од 2015 година, потпишан е нов договор за засилено технолошко партнерство помеѓу двете компании за да се забрза развојот.

очекуваме ова партнерство да донесе значителен чекор во однос на перформансите и да дојдеме во ситуација да се бориме за поени – изјави катсухиде моријама, одговорниот за комуникации во хонда.

IHI е лидер во индустријата на машинерија од областа на ротирачката технологија развиена како за огромни бродови така и помали турбини на пареа за приватни бизниси. Новопотпишаниот договор има рок на важност од две години, а првите делови ќе бидат вградени во моторот на Хонда уште следната сезона.

во текот на новото техолошко партнерство наша цел е моторот на хонда да има најдобри можин перформанси преку забрзување на развојот на турбо полначот. се надевам дека од 2019 година, моторот на хонда со турбо полначот на IHI ќе донесе перформанси на нивото од 1980-тите и 1990-тите години кога ја воодушевувавме Формула 1 – дополни јошихори кавасаки од IHI.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.