му оддаде почит на довчерашниот возач на Торо Росо, Брендон Хартли, и открија дека дел од забрзаниот развој се должи на работата согласно информациите од поранешниот ЛМП1 ВЕЦ возач на Порше.

Следната година Хартли нема да биде дел од екипата на Торо Росо, кои ќе настапуваат со двајца нови возачи. Новозеланѓанецот е двократен ВЕЦ првак со Порше и победник на легендарната 24 часа Ле Ман.

сите во хонда уживаа да работат со брендон оваа година. тој беше многу силен во инженерскиот дел, секогаш ни даваше точни и корисни информации базирани на неговото огромно искуство во работа со хибридни мотори како двократен ле ман победник. тој фидбек го забрза нашиот развој во однос на сетирањето што ни овозможи добри резултати. фала ти брендон и ти посакуваме се најдобро во иднина  – изјави техничкиот директор на хонда, тојохару .

Откако го потврдија Александер Албон за свој возач за 2019 година, Торо Росо излегоа со соопштение во кое му се заблагодаруваа на Хартли за се што направил за нив годинава и му посакаа успех во иднина.

од името на хонда сакам да му се заблагодарам на брендон за се што направи годинава. брендон секогаш ќе биде наш пријател, шармантна личност кој веднаш се вклопи во јапонската култура. тој ни даде многу моќ и верба на сите во хонда што ни помогна во неколку тешки моменти сезонава.

особено се сеќавам на квалификациите на 6то место на домашната трка во сузука, тоа значеше многу во хонда и сакаме да му посакаме се најдобро во иднина – изјави масаши , шефот на хонда моторспорт.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.