Формула е е многу блиску до враќање во Холандија во 2020 година откако менаџментот на тркачката серија стигнале многу блиску со сопствениците и промотерите од Зандворт во договорот за организација на трка.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Холандски De Telegraaf откри дека Формула 1 менаџмент официјално му дала понуда на Зандворт за организација на трка која би ги чинела 20 милиони евра. Организацијата на Гранд При трка би ги чинело холанѓаните дополнителни 10-20 милиони евра.

Холандскиот принц Бернард кој е сопственик на Зандворт, за весникот потврди дека тие само на само еден потпис од враќање на големата награда на Холандија на календарот по пауза од повеќе од 30 години.

ако потпишеме сега, Холандија ќе има трка во 2020 година, со макс верстапен во неа. Сите инволвирани сфаќаат дека тоа е извонредна можност – изјавил прицнот.

Со појавувањето на Макс Верстапен силно се зголеми итнересот за Формула 1 во Холандија. Секоја година илјадници холанѓани патуваат на патеките ширум Европа да го бордат својот сонародник, а Либерти Медиа се свесни дека организација на трка во татковината на Верстапен ќе биде полн погодок.

Зандворт до сега има организирано 30 Формула 1 трки, а последната во 1985 година ја победи Ники Лауда.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.