Хиперсофт – Суперсофт е најбрзо, смета Пирели

109

Доставувачот на пневматици во Формула 1, Пирели, смета дека најбрза стратегија во Канада ќе биде почеток на најмекиот хиперсофт, а потоа промена на суперсофт. Италијанците за Монтреал ги донесоа најмеките компоненти од својата гама знаејчи дека деградацијата по Жил вилнев е многу ниска, а менување од хиперсофт на суперсофт очекуваат по 15тина кругови од вкупно предвидени 70.

Алтернативаа која ја предлага Пирели е почеток на ултрасофт, возење со нив 20-25 кругови, а потоа промена на суперсофт до крајот на трката. Трета алтернатива е со две застанувања во кои има две ултра брзи серии од по 10-тина кругови на хиперсофт.

Ферари и Мерцедес ќе ја почнат трката на ултрасофт, додека Ред Бул од топ 3 екипите се реши за алтернатива и почеток на хиперсофт. Слична стратегија како “биковите“ ќе имаат и Рено и Форс Индија кои влегоа во К3 вчера.

Следните во поредокот кои не стигнаа до најбрзите 10 на квалификациите имаат слободен избор на гуми.


Хиперсофт – Суперсофт е најбрзо, смета Пирели

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>