Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, потврди дека проблемите со хидрауликата биле виновни за сопирањето на Макс Верстапен крај патеката на 10 минути пред крајот на втората тренинг сесиај во Мексико Сити. Холанѓанецот беше најбрз на двете тренинг сесии, а Ред Бул беа секунда пред останатите од гридот.

По првиот ден во Мексико, импресивен беше и тимот на снабдувачот со мотори на Ред Бул, Рено, така што квалификациите ќе бидат повеќе од интересни.

Повлекувањето и застанувањето на Макс Верстапен крај патеката беше многу слично со потегот на Даниел Рикардо од Америка минатата недела, но Кристиан Хорнер дека проблемите од Т2 нема да се повторат во текот на викендот.

Имавме некаков проблем со хидрауликата и моравме да го повлечеме болидот за да видиме што го предизвикало проблемот. Доколку дојде до тоа да менуваме мотор, Макс има еден искористен со кој ќе може да го комплетира викендот така што не би требало да има казна. Мораме прво целосно да го анализираме болидот за да разбереме и одлучиме.

Се се случи одненадеж за него затоа што управувалот му стана тежок. Хидрауликата раководи со се на овие болиди, серво управувачот, педалот за гас и така натаму.

Се наеднаш стана тешко за него и тој го запре болидот на безбедно место, псотапи разумно. Чекаме да се врати болидот во гаражата, а тој беше многу располжен во гаражата.

Даниел од своја страна имаше исто така одлична сесија. Ритамот во долгите серии изгледаше одлично. Прв пат сме на прво и второ место на две сесии во Петок и тоа е многу позитивно – смета Хорнер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.