Брендон Хартли признава дека коментарите околу негово заминување од Торо Росо само неколку месеци откако го доби местото во тимот било големо изненадување за него.

По крајот на повеќе годишна успешна кариера со Порше во Светското Првенство на Издржливост, Ред Бул го вработија возачот за последните неколку трки од 2017 година, пред да му додели цела сезона со Торо Росо.

Сепак, перформансите на 29-годишниот возач во однос на Пјер Гасли на почетокот на 2018 година не беа добри, по што отпочнаа шпекулации за најверојатно заминување, што пак го изненадило Хартли.

Постоеја шпекулации многу рано на почетокот, што беше големо изненадување за мене, а сметав дека имам долгорочен договор. Дојдов со шампионска титула, победа на Ле Ман, а по само 2 или 3 трки, имаше шпекулации и многу прашања околу мојата иднина.

Среќен сум како се справив со тоа. Сметам дека во тие услови други луѓе би подпаднале под притисокот, а јас излегов посилен од таа ситуација. Се борев и еволуирав во текот на сезоната.

Имаше вести во медиумите дека треба да се подобрам и да го поразам мојот тимски колега, а на крајот мислам дека бев на врвот на задачата, изградив одлична соработка со Хонда, со вработените во Торо Росо и бев постојано подобар од мојот тимски колега.

Навистина сум горд како се справив со ситуацијата и како се подобрив во текот на сезоната – изјави Хартли.

На крајот, Хартли уживаше во последната трка за тимот во Торо Росо во Абу Даби, додека тимот го замени со тркачот од Формула 2, Александер Албон за 2019 година. Победникот на Ле Ман во 2017 година признава дека бил разочаран со исходот, но смета дека перформансите не се секогаш критериум според кој возачот треба да се суди.

Тоа што ќе кажам е дека Формула 1 е многу комплицирана, многу пари се вмешани, политика и некои од причините зошто возачите остануваат или заминуваат не се секогаш во ваша контрола.

Во секој случај, заминав од падокот со главата крената нагоре. Знаев дека дадов се. Знаев дека бев подобар кога требаше. Имаше толку многу фантастични искуства од целата сезона. Возејќи ги најбрзите автомобили, Формула 1 болиди.

Има многу за што треба да сум горд, но сметам дека можев повеќе да и понудам на Формула 1 – додаде Хартли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.