Брендон Хартли беше фрустриран што пропушти поени во Унгарија сметајќи дека тоа било предизвикано од лошата стратегија на екипата. Возачот на Торо Росо за прв пат сезонава се пласираше во последниот К3 сегмент од квалификациите и долго време возеше во поени пред да биде викнат на промена на гуми во 24от круг, со цел да се покрие стратегијата на Нико Хулкенберг.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Новозеланѓанецот промени на медиум и се мачеше да одржи чекор со ривалите на крајот финиширајќи надвор од поени, на 11то место, а Фернандо Алонсо со Мекларен и Кевин Магнусен со Хаас имаа корист од тоа што имаа први долги серии.

Разочаран сум со 11то место, имав одличен старт и бев до Пјер на првата кривина, но морав да се откажам и да запрам за да не се судрам со колегата. Тогаш загубив место од Кевин, но за малку ќе го стигнев Карлос пред мене во текот на првата серија затоа што тој беше на потврди гуми од мене. Имав ритам и брзина, но не можав да претекнам.

Рано влегов по нов сет медиум, не сум разговарал со тимот околу стратегијата, но јасно е дека таа не беше многу позитивна за нас денеска – изјави Хартли.

Тој смета дека можел да ја продолжи првата серија што ќе му помогнело во борбата за поени.

Трката можеше да биде многу подолга, но ние многу рано променивме на потврда компонента што многу не забави уште во првиот дел од трката. Тоа значеше дека оние кои останаа надво на помеката компонента беа побрзи, јас неколку пати добив сини знамиња и тоа не беше добро.

Не сум ги видел сите детали од стратегијата, но мислам дека таа не чинеше неколку места, но тоа е. Мислам дека раното влегување беше за да го покриеме Хулкенберг кој влезе во бокс зад мене.

Всушност, не бев претекнат ниту еднаш на патеката, имав одлични битки, но загубивме поради стратегијата. Знам дека моравме да ги поделиме стратегиите меѓу двата болиди, но мојата беше послаба стратегија денеска.

Дефинитивно можев до поени, а разочаран сум што уште многу рано, реално по менувањето на гуми, поените станаа надво од досег.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.