Хартли: Резултатот е голема штета по одличните квалификации

80
   

Брендон Хартли вели дека фактот што двата болида на Торо Росо завршиле надвор од поени на Јапонското Гранд При е “вистинска штета“.

И двата болида на Торо Росо влегоа во К3, Хартли стартуваше од шесто место, додека Гасли од седмата позиција на домашна трка за Хонда. Двајцата изгубија позиции на стартот и имаа проблеми да се вратат напред на гридот во текот на трката.

Возачот од Нов Зеланд не можеше да најде грип во пневматиците во првиот стинт, а во вториот заглави во сообраќај.

Гасли поголемиот дел од трката го помина на 10та позиција, но го изгуби местото од Карлос Саинз, што го заокружи разочарувачкиот викенд за Торо Росо.

Не сметам дека погрешив во трката на стартот, но едноставно не добив доволно моќ. Во текот на целиот прв стинт немав доволно грип и лошата тракција ме чинеше многу време.

Во вториот се најдов себе си во сообраќај, направив неколку претекнувања на двата болида на Вилијамс, но потоа заглавив позади Маркус Ериксон.

Навистина е штета што двата болида беа надвор од поени по толку ветувачки квалификации – изјави Хартли.


Хартли: Резултатот е голема штета по одличните квалификации

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>