Брендон Хартли смета дека неговите скорешни Формула 1 резултати не го покажуваат неговиот личен напредок кој смета дека го прави цела година. Новозеланѓанецот дојде во Торо Росо на неколку трки пред крајот на минатата сезона како замина за предвреме змаинатиот Карлос Саинз и е под договор за цела 2018 година, но освои само 2 од вкупно 30 за тимот, благодарение на 10то место во Баку и Хокенхајм.

Веќе некое време велам дека најдобро нешто што можам да направам е да се фокусирам на секоја трка поединечно и да давам се од себе. Знам и убеден сум дека вршам одлична работа за тимот надвор од патеката. Исто така, знам дека сум посилен со секоја трка во текот на сезоната, резултатите не го покажуваат тоа, но јас знам дека е така.

Многу често сум на погрешно место во погрешно време, но анализирам и барам начин како тоа да не се повтори во иднина. Искрено фокусиран сум да дадам се од себе секогаш и се надевам дек ќе останам на гридот следната година, што е моја цел.

Тој смета дека карактеристиките на МАрина Беј се можност за Торо Росо да имаат силен викенд.

Јасно е дека не сум завршил доволно пати во поени ако ме споредите со мојот колега, но некои од тие трки не беа по моја вина.

Фокусиран сум на Сингапур затоа што мислам дека за нас како Торо Росо тоа е одлична можност. Екипата историски има добри резултати тука. Лани мислам дека беа 4то со Карлос Саинз по тешки услови и ако ги земеме во предвид последните две трки ова е добра можност. Мислам дека е очигледно дека сум силен во одредени области, но не успеав да дојдам до доволно поени.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.