Брендон Хартли беше презадоволен што заврши на 10то место откако Торо Росо имаа одлична стратегија за него во периодот кога се појави дожд на патеката. Новозеланѓанецот почна од 16то место, но заврши во поени по голема битка со конкурентите од средината.

Задоволен сум со денешниот ден. Загубив доста време зад Вилијамс на почетокот, но имав многу забавни битки на патеката. Екипата ме повика по интермедиа гуми додека врнеше, но јас имав некакво чувство и продолжив уште еден круг. Мојата стратегија беше одлична и задоволен сум со трката – прокоментира Хартли.

Возачот на Торо Росо беше на 9то место на 6 кругови пред крајот на трката, но беше минат од Гросжан и Саинз. Карлос на крајот доби 10 секунди казна по што Брендон дојде до поен.

Бев разочаран кога загубив позиција од Гросжан, но беше многу побрз од мене.

Возев чисто и направивме вистинска работа што останавме на патеката кога почна да врне. Имав одлична комуникација со екипата во текот на пронменливите услови и на крајот тоа се исплатеше.

Искористив дел од моето искуство во ендјуранс тркањето за да донесам одлука и морам да бидам задоволен што донесов поен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.