Франц Тост побара од возачите К3 пласман на денешните квалификации со новиот мотор на Хонда, а од Брендон Хартли и Пјер Гасли го доби токму тоа. Подобрувањата од Хонда беа доволни за место помеѓу првите 10 болиди, а овој пат подобро пласиран возач беше новозеланѓанецот.

По месеци минати во лоши и незадоволителни перформанси дополнети со гласини за негово заминување од тимот, возачот испораа одлична квалификациска сесија која не можеше да дојде во подобро време за него.

Пресреќен сум и презадоволн. Обично не сум ваков, но по сите работи кои се пишуваа изинативе неколку месеци, а јас знам дека станувам се подобар и подобар, но работите секогаш не се одвиваа онака како што јас сакав.

Некои работи не можев секогаш да ги кажувам јавно, инцидентите од првите кругови и слично, но јасно е дека некои работи можеше да бидат подобро одработени.

Денеска, со новиот мотор и во не лесни услови, на патека на која возачот е клучен, прв пат тука во Сузука… пресреќен сум што стигнав до 6то место – не го криеше задоволството Брендон Хартли.

Новата трета спецификација од Хонда се чека веќе долго време, а светлото на денот го виде минатиот Петок во Сочи, по што беше повлечена за дополнителна калибрација и оптимизација. Се вели дека новиот мотор на Хонда носи половина секунда по круг, а подобрувањата се главно на моторот со внатрешно согорување.

Не знам дали е половина секунда, но дефинитивно сме многу побрзи. Не сме биле конкурентни за К3, освен на мокрите квалификации во Будимпешта.

Нема сомнеж дека моторот е побрз, но тоа секогаш не се чувствува и не се глда во трка поради различните патеки и различните аеродинимии кои се користат.

Пооддршката овдека е луда. Од првиот момент кога го напуштив хотелот се до моето пристигнување на железничката станица имаше толку голема поддршка за Гонда. Мислам дека ги усреќивме фановите.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.