Откако за прв пат го проба новиот аеро пакет на Торо Росо во Мексико и на вториот тренинг се најде на 6та позиција, Брендон Хартли е возбуден од потенцијалот на истиот кој му одговора на неговиот стил на возење.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Тимот носи нов под, ново предно крило и странични делови уште од трката во Америка, но тогаш беа наместени само на болидот на Пјер Гасли. Французинот не ги користеше новите делови на квалификациите бидејќи немал доволно време на тренинзите да ги проба на суво. Хартли за прв пат ја доби шансата да ги проба во Мексико и е презадоволен од истите.

Го тестирав новиот пакет со кој Пјер го возеше во Остин. Навистина сум оптимист за ова затоа што на симулација имавме убави бројки. Околу половина десетинка се побрзи отколку на во фабриката, но од друга страна балансот во свиоците значи дека тоа е тоа што го баравме цела сезона.

Пјер и јас имаме различни стилови на возење и побарувањата од болидот се различни. Понекогаш тоа не ми одговара, понекогаш ми е добро но овој пакет е тоа што го барав цела сезона и поради тоа сум возбуден.

Има уште за тестирања, но паектот ветува многу. Се надевам ќе го задржам пакетот и за трка. Ми помага ако Пјер стартува од крајот бидејќи има казна за нов мотор и менувач. Балансот се променува во однос на аеродинамиката во свиоците.

Во Остин не бев среќен со балансот но тука сум многу посреќен. Мислам дека тимот заврши одлична работа да извлече повеќе од потенцијалот и да разбере колку треба да е висок болидот. Имав добар ден, се надевам ќе продолжи и утре – најави Хартли.

Гасли изјави дека не очекува да го добие пакетот до Бразил кога тимот ќе има подготвено и за двајцата возачи.

Остин беше тежок бидејќи го возев само на Т3 и потребно е време да го разберете пакетот. Таму немавме придобивки, но по Т1 знаевме каде одиме и тестиравме повеќе, на Т2 повторно пробавме некои работи и полека доаѓаме до придобивките. Штета е што во Остин не видовме што имаме. Сега му е ред на Брендон а двајцата ќе го имаме пакетот во Бразил.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.