Хартли очекува голема поддршка за Хонда и Торо Росо

37
   

Брендон Хартли очекува огромна поддршка од јапонските навивачи за Хонда и Торо Росо пред Јапонското Гранд При.

Торо Росо пристигнува во Сузука на домашната трка за Хонда. Производителот исто така ќе биде и главен спонзор на трката. Хартли ќе се трка на Сузука за прв пат во својата кариера. Возачот од Нов Зеланд претходно се има тркано во Јапонија во Светското Првенство на Издржливост, но таа трка се одржа во Фуџи.

28-годишниот возач вели дека патеката е една од најдобрите на Формула 1 календарот и го истакнува првиот сектор каде болидот е на самиот лимит.

Сузука е дефинитивно една од најдобрите трки на календарот и сите во Формула 1 коментираат за патеката, особено за брзиот прв сектор, каде болидот е навистина на лимитот и очекувам овој сектор болидите да бидат најимпресивни.

Во минатото, сум возел на Сузука во симулатор, а тоа го повторив и минатата недела како подготовка за трката, каде за првпат ќе возам.

Се имам тркано четири пати во Јапонија во Светското Првенство на Издржливост, но секогаш беше на патеката Фуџи. Имав успех таму, со една победа и неколку трети места и секогаш уживав во страста на јапонските навивачи – вели Хартли.

И Хартли и Пјер Гасли ја посетија фабриката на Хонда пред трката и се очекува огромна поддршка од јапонските фанови за Хонда, но и за Торо Росо викендов.

Очекувам огромна поддршка во Сузука за Хонда и за Торо Росо. Одвај чекам на тоа, секогаш уживам во времето поминато во Јапонија. Ја обожавам храната и културата и дружењето со луѓето.

Со мотор на Хонда, ова ќе биде важна трка за нас и се надевам дека ќе прикажеме добро шоу, но и дека ќе освоиме поени за јапонските фанови и сите момци од Хонда – додаде Хартли.


Хартли очекува голема поддршка за Хонда и Торо Росо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>