Хартли: Очекувањата по Бахреин се нереални

57

Брендон Хартли вели дека одличните перформанси на Торо Росо во втората трка од сезоната во Бахреин поттикнале нереални очекувања за екипата од Фаенца.

Колегата на Хартли, Пјер Гасли, стигна до неверојатно 4то место на Шакир, што доведе сите да помислат дека Торо Росо и Хонда би можеле да бидат силен тандем во средината. Но, иако младите возачи стигна до дополнителни поени во Баку и Монако, перформансите и постојаноста на Торо Росо опаднаа, а Хартли смета дека формата во Бахреин била резултат на совршени услови кои биле во нивна полза.

Фер е да се истакне дека ги надминавме нашите можности во Бахреин. Пред почетокот на сезоната нашата претпоставка беше дека првите трки ќе бидат навистина тешки.

Го поминавме целото време во адаптирање на агрегатот на Хонда и имаше големи промени од гледна точка на аеродинамиката и најверојатно се вративме еден чекор назад, за да направиме два чекори напред понатаму во сезоната.

Стигнавме во Бахреин и ги надминавме нашите очекувања,а сите останати повторно го очекуваат тоа – вели Хартли.

Потешкотиите на Торо Росо по Бахреин го натераа тимот да анализира од кои причини нивната форма ги надминала очекувањата во пустинската трка.

Мислам дека во Бахреин пневматиците функционираа совршено, за другите екипи не толку. Нашата аеродинамика е слаба, а немаше ветар. Од тој момент наваму, немаме форма.

Има светлина на крајот на тунелот, имаме подобрување на подот, како и подобрување на агрегатот во Монтреал. Сите се мотивирани, работат напорно, но мислам дека на некој начин резултатот во Бахреин придонесе кон очекувања кои не се реални.

Но тоа е Формула 1, а секоја недела гледате како некоја екипа има проблеми – додаде Хартли.


Booking.com

Хартли: Очекувањата по Бахреин се нереални

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>