Хартли: Новата Хонда има поголем потенцијал во трка

106

Брендон Хартли е убеден во темпото на неговиот Торо Росо Хонда болид во трката за Канадското Гранд При по солидни перформанси со нов мотор во квалификациската сесијата.

Целејќи да ги замолчи критичарите и шпекулациите дека неговото возачко место е под знак прашалник, Хартли ги имаше најдобрите квалификации годинава со пласман на 12то место и е во одлична позиција да атакува кон топ 10, земајќи во предвид дека поголемиот дел од гридот ќе стартува со хиперсофт.

Според Хартли, импактот од новиот агрегат на Хонда не бил толку голем во квалификациите, но очекува тој да биде клучна разлика во трката, сметајќи дека ќе имаат можност за поголемо собирање на енергија и користење на истата.

Се чувствувам многу добро и знам дека со новиот агрегат имаме подобри перформанси, кои во квалификациите не беа толку изразени, но ќе бидат во трката. Гледајќи кон Кина и Азербејџан, големиот чекор напред го имавме во трката, така што мислам дека тоа ќе биде случај и денес во трката.

Навистина сум среќен како помина целиот викенд досега. Имам самодоверба во болидот цел викенд и работиме добро со тимот кон сетапот. Првиот квалификациски сегмент беше многу добар, додека К2 беше малку потешко. Имаше ветар во последните свиоци и сите имаа проблеми.

Мислам дека имаше уште десетинка достапна, но сите ги имаа истите проблеми во последните два свиока.

Мислам дека можевме да стигнеме до 11то место, но Форс Индија и Рено беа премногу напред, така што задоволен сум со мојата позиција – изјави Хартли.


Хартли: Новата Хонда има поголем потенцијал во трка

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>