Хартли немал никакво предупредување пред сударот

88
   

Брендон Хартли од Торо Росо изјави дека немал никакво предупредување пред да откаже суспензијата на предното лево тркало што го лансираше право во оградата на Т3. Тој беше на летечки круг и во моментот кога го затвори ДРС системот и почна да запира, суспензијата откажа, СТР13 се извте и заврши во заштитната ограда крај свиокот Бруклендс.

Новозеланѓанецот не беше повреден, но неговиот болид имаше голема штета што го спречи да се појави на квалификациите.

Се се случи одненадеж, немав никакво предупредување. Не удрив во тротоар, немав вибрации претходно така што штом ја стиснав сопирачката кога веројатно има најголеми сили врз суспензијата, околу 5Г, истата откажа. Јасно е дека се обидов да се борам со болидот, но бев само патник и не можам ништо да направам. Се најдов во бариерите многу брзо.

Не е забавно воопшто, напротив, беше страшно. Се фокусирате на трката, имате адреналин и не дозволувате било што да ве исплаши. Можеби 1-2 секунди за време на сударот сте исплашени затоа што знаете дека ќе се судрите силно и се храбрите. Но, останува многу малку време за страв затоа што сте фокусирани на многу други работи – објасни Хартли.

Како мерка на претпазливост, тимскиот колега Пјер Гасли доби целосно нова суспенциај на својот СР13 болид и утре ќе стартува од 14то место.


Хартли немал никакво предупредување пред сударот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>