Брендон Хартли доби казна од пет секунди и два казнени поени на својата суперлиценца по дуелот со Естебан Окон за време на Мексиканското Гранд При. Францускиот возач на Форс Индија во вториот дел од трката константно беше во дуел со двајцата возачи на Торо Росо за пласман.

Стјуардите сметаа дека контактот помеѓу Брендон и Естебан бил целосна вина на новозеланѓанецот затоа што тој не оставил доволно место за Окон да мине. Поради тоа, доделени се 5 секунди казна на времето на крајот од трката, како и два казнени поени по што тој има вкупно 6.

Французинот имаше дуел и со другиот возач на Торо Росо, имаше контакт и со него, но стјуардите не најдоа вина кај никого за тој инцидент. Окон изјави дека неговиот земјак Гасли го истуркал од патеката, но стјуардите не се согласија со тоа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.