Хартли има целосна подршка од Торо Росо, но дали прави разлика?

66

Тимскиот менаџер на Торо Росо, Греам Ватсон, вели дека екипата од Фаенца целосно го подржува Брендон Хартли, иако тоа можеби на крајот нема да направи никаква разлика.

Монтреал беше уште една трка која возачот од Нов Зеланд сака да ја заборави, откако истата заврши во првиот круг по судар со Ленс Строл од Вилијамс.

Инцидентот уништи уште една можност за Хартли да ја подобри својата депресивна форма по добрите перфоманси во квалификациската сесија, но и по шпекулациите дека тој ќе биде отпуштен од Торо Росо, со можна замена од Ландо Норис.

Но Ватсон инсистира дека екипата сеуште го подржува Хартли до крајот на оваа сезона.

Сакаме тој да биде успешен. Ние како екипа, стоиме позади него 100 проценти.

Возачите се контролирани од Ред Бул, а потоа ние како екипа работиме со нив и се обидуваме да го изградиме нивните шампионски способности. Немаме контрола што ќе се случи со нашите возачи во Торо Росо – изјави Ватсон.


Хартли има целосна подршка од Торо Росо, но дали прави разлика?

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>