Брендон Хартли од Торо Росо откри дека на почетокот од својата Формула 1 кариера му било многу тешко, но “фаќа ритам“ и се надева дека ќе остане и догодина. Новозеланѓанецот изненадувачки беше повикан во Фаенца во пресрет на Големата награда на Америка и доби договор за цела оваа година, но заврши во поени само два пати со значително послаби перформанси од колегата Гасли.

Иако медиумите шпекулираат дека Ландо Норис веројатно ќе го замени на крајот на годинава, сепак Брендон смета дека неговото место е безбедно.

МЕнтално се чувствувам одлично, иако гласините и шпекулациите ми правеа притисок. Откако минав преку тоа се чувствувам повилно и ги гледам работите многу поасно затоа што учам побрзо.

На почетокот имав доста тежок период каде направив неколку грешки, а имав можност да донесам добри поени, но на последните 4-5 трки добро владеам со ситуацијата иако поените не го покажуваат тоа – објасни Хартли.

Тој пропушти и поени на последната трка на Хунгароринг која ја заврши на 11то место, прво кое не носи поени.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.