Хартли воодушевен од квалификациите

55

Сезоната досега е тешка за Брендон Хартли, но возачот на Торо Росо конечно има вистинска причина за славење откако се пласираше во топ 10 на квалификациите за Унгарското Гранд При. 

Возачот од Нов Зеланд ќе стартува од осмата позиција на гридот. Неговиот тимски колега, Пјер Гасли,  ќе стартува пред него од третиот ред.

Навистина тешки услови. Беше многу тешко, но пресреќен сум со пласманот во топ 10 по прв пат. Секогаш сме блиску до топ 10, а да имаме два болида на овие позиции е навистина големо постигнување.

Цело време низ квалификациите тимот заврши брилијантна работа со стратегијата. Во неколку моменти инженерот ми пренесе “океј, ова е твоја шанса, ова е најдобро време. Мора да нападнеш сега.

Болидот е добар. Малку сум разочаран, имав неколку грешки при крајот на К3 кога возев до лимитот. На крајот само малку ме разделува до тимскиот колега. Ќе беше добро да бев пред него.

Изгледавме добро цел викенд. Можеби ќе имаме некаква интересна стратегија, бидејќи овде е случај на следење на лидерот. Тешко е за претекнување, така што треба да имаме најдобар старт и прв круг. Се надевам дека ќе ги задржиме позициите во трката – изјави Хартли.

И инженерот за трки при Торо Росо, Џонатан Едис, го истакна позитивниот резултат.

Ова беше фантастично попладне за целиот тим. Бевме убедени дека ќе имаме барем еден болид во К3. Но со промена на временските услови, што за момент не загрижи.

Комуникацијата беше јасна и прецизна, донесовме правилни одлуки со пневматиците и се функционираше одлично. Тимската работа е најважна и ја прави целата разлика.

Но нашите возачи имаат многу малку искуство во вакви услови, но го извадија максимумот од болидот. Во К3 само еден круг беше важен. И двајцата возачи дадоа се. Патеката ќе се промени, но очекуваме висока температура. Ќе биде интересна трка и наша цел е да освоиме поени.


Хартли воодушевен од квалификациите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>