Виетнам ќе биде домаќин на Гранд При трка во Април 2020 година, соопштија официјални лица од Ханои Сити и со тоа ќе стане третиот град во Југоисточна Азија кој ќе има Формула 1 трка. Главниот град со својата градска патека ќе ги вдоми најдобрите возачи на светот на патека која Градскиот комитет ќе ја промовира на гала настан.

Градот Ханои успеа да договори соработка и да стане официјален домаќин на трка во формула 1 првенството од април 2020 година – се вели во писмото од градскиот комитет.

Преговорите траат од почетокот на годинава, а градските власти побараа финансиска помош од Централната Влада во организацијата. Маи Тиен Дунг, одговорниот во владината канцеларија за врска, во Авуст откри дека трошоците може да бидат покриени од огромни приходи кои ги очекуваат од реклами.

Предлог беше трка околу познатото живописно Хоан Кием езеро блиску стартиот дел од градот, но наместо тоа болидите ќе кружат околу националниот стадион каде патиштата се многу пошироки. ФИА сеуште нема одговор на оваа официјална потврда од градот дека ќе има трка во Виетнам.

Чарли Вајтинг на почетокот на месецов го посети Ханои и изјави убеденост дека ќе успее да се комплетира патеката за 2020 година, најавувајќи дека ќе бидат користени постоечки патишта, но ќе бидат изградени и нови.

Лани Малезија ја одржа својата последна трка крај Куала Лумпур поради преголемите трошоци кои со себе ги носи организацијата, која малезијците ја спроведуваа од 1999 година. Исто така, проблем за организаторите на Сепанг беше и големата конкуренција која ја имаат од соседниот и пребогат Сингапур.

Организаторите во Виетнам се надеваат дека средната класа од Југоисточна Азија ќе дојде на трката во најбрзо растечките економии на континентот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.