Јужнокорејскиот производител на гуми, Ханкок, стана посериозен во намерата да влезе како ексклузивен снабдувач со гуми во Формула 1 и да ги замени италијанците од Пирели од 2020 до 2023 година. Во моментов тие снабдуваат гуми во германската ДТМ серија како и во Европската Формула 3 серија.

За сериозноста на компанијата да го прошири својот бизнс во Формула 1 најдобро говори и фактот кој го пренесоа медиумите дека како хардвер на кој ќе го истражуваат развојот на гумите за кремот на моторспортот, јужнокорејците дале понуда за Вилијамс Косворт од 2011 година.

Auto Motor und Sport пренесуваат дека искусниот Формула 1 инженер, Хирохиде Хамашима, кој порано работеше за Бриџстон веќе е ангажиран како консултант. Медиумите пренесуваат и дека компанијат аангажирала сеушт енеименуван поранешен Формула Е возач како тест пилот за својот проект.

Ханкок ја минаа фазата на изводливост во која се испитуваат првичните технички и безбедносни барања по што ФИА откри дека се убедени оти Ханкон може да испорача производи согласно тендерот. Од Федерацијата се импресионирани и од она што го виделе во централата на Ханкок во Даежон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.