Хамилтон ја обожава тројната битка за титула

131

Луис Хамилтон вели дека обожава како сезоната се претвори во тројна битка за шампионската титула во Формула 1.

Големата тројка на екипи има по две победи на првите шест трки годинава. Ферари стигна до последователни победи во Австралија и Бахреин, додека Ред Бул победи во Шангај. Хамилтон стигна до две победи во Баку и Барселона. Но сите претпоставки дека доминантната победа во Шпанија е знак дека Мерцедес е повторно на врвот набргу беа уништени по победата на Ред Бул во Монако минатата недела.

Ова е дефинитивно тројна битка за титула. Лично, ја обожавам. Тоа е голем предизвик за мене, повеќе од што можам да го опишам.

Тоа е најголем предизвик кој сум го имал, ми се допаѓа многу. Обожавам што ќе мора да се подобрам од техничка гледна точка и да се подобрам во комуникацијата со тимот.

Сите тие различни работи, каков сетап ќе изберам за викендот. Уживам во тоа – изјави Хамилтон.

Не постои сомнеж дека Мерцедес правеше се што е можно за да стигне до победа секој викенд и дека воопшто не ги прикриваа своите перформанси.

Ви велам, правиме се што е можно за да стигнеме до победа. А потоа Ред Бул победува, па Ферари победува, па ние победуваме. Одлично е што ја имаме оваа ситуација – додаде Луис.

Хамилтон моментално води со 14 поени пред Себастијан Ветел, додека Мерцедес има предност од 22 поени пред Ферари во генералниот пласман на конструктори. Првичните проблеми со издржливост на Ред Бул ги задржаа на третата позиција.

Сметам дека Ферари сеуште се најсилни. Нивниот болид функционира прилично добро досега во сезоната. Но неколку пати погрешија, а ние ја искористивме таа ситуација.

Понапред сме одколку што мислевме, споредено со доколку сите останати завршија одлична работа. Но сеуште сметам дека тие се најдобри, а Себастијан врши одлична работа.

Ова е тројна битка. Ред Бул ќе имаат подобрување на наредните трки, како и од гледна точка на агрегатот на следната трка. Ќе биде интересно да се видат нивните перформанси, но тие ќе продолжат да се подобруваат – заклучи Хамилтон.


Хамилтон ја обожава тројната битка за титула

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>