Заработувачката на Луис Хамилтон во неговата кариера ја надмина бројката на седумкратниот светски шампион, Михаел Шумахер, според податоците на Forbes.

Шумахер заработил околу 464 милиони долари само од неговата плата во кариерата долга 21 година, додека Хамилтон сега ја надмина таа бројка за 25 милиони, односно вкупно 489 милиони долари.

Во бројките е вклучена само платата, не личните спонзорства и инвестиции. Шумахер сеуште е на врвот доколку се земат и тие во предвид, со околу 800 милиони долари.

Сепак, во моментов Хамилтон е најплатениот возач, со годишна плата од 40 милиони долари во Мерцедес. Петкратниот шампион заработува многу милиони и надвор од Формула 1 пред повеќе бизнис зделки, вклучувајќи го и партнерството со Томи Хилфигер.

Според податоците, Фернандо Алонсо е на трето место со вкупна заработувачка од плата во износ од 458 милиони долари. Потоа има голема разлика помеѓу него и Себастијан Фетел, кој има вкупно 358 милиони долари, а кој пак во моментов е втор најплатен возач во Формула 1, со годишна плата од 30 милиони долари.

Последните 5 на листата се пензионирани возачи. Џенсон Батон е на шесто место, позади Кими Раиконен на петто. Потоа следат Ралф Шумахер, Жак Вилнев, Фелипе Маса и Рубенс Баричело.