Луис Хамилтон го нарече Валтери Ботас вистински џентлмен откако финецот му го предаде водството во Русија во 25от круг и Хамилтон дојде до уште поголемо водство во шампионатот со својата 70та победа во кариерата.

Хамилтон дојде во Сочи со 40 поени предност пред Себастиан Ветел од Ферар, а по трката си замина со предност од 50 поени благодарение на подарената победа од неговиот колега Ботас. Џејмс Алисон издаде тимска наредба поради ризикот Хамилтон да биде нападнат од Ветел бидејќи имал проблем со задните гуми.

Во последните кругови Ботас преку тимското радио праша на која позиција ќе ја заврши трката, и му беше одговорено дека позициите нема да се менуваат. Хамилтон ја однесе победата и доби 25 поени.

Ова беше доста тежок ден бидејќи Валтери работеше одлична работа и беше вистински џентлмен кон мене. Но очигледно тој не е во борбата за титулата, туку сите ние сме. Ова е одличен викенд за тимот.

Екипата направи одлична работа и ни даде предност пред Ферари. Се разбира дека е тешко и тој заслужи да победи, но гледано на шампионатот ние треба да ги освоиме двете титули. Ова беше тимска победа. Немам некое посебно чувство но се чувствувам одлично за наредните трки – изјави Луис по трката.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.