Луис Хамилтон ја освои својата 5та шампионска титула, но британецот смета дека Михаел Шумахер со своите 7 титули и рекорден број на победи останува Формула 1 великан и најдобриот на сите времиња. Луис со својата титула од Мексико се изедначи со еден од основоположниците на спортот, Хуан Мануел Фанџо, кој своите 5 титули ги освои со 4 екипи, Масерати, Алфа Ромео, Ферари и Мерцедес.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Хамилто тврди дека не се чувствува како најдобар на сите времиња и дека е сконцентриран на освојување на една по една титула.

Можам да здивнам и да прецртам една од работите кои си зацртав дека ќе ги направам сезонава. Освојување на титулата секогаш е на врвот и ќе направам се за тоа.

Тешко е да се спордувам со другите, лично јас не се сметам како најдобар. Свесен сум за своите можности и до каде сум, но татко ми секогаш ми кажуваше, од мојата 8ма година да зборувам на патеката. Поради тоа јас ќе оставам само резултатите да говорат за мене и се надевам дека луѓето ќе може да направат пристојна слика за мене.

Но, сеуште е тука Михаел, тој е сеуште далеку во однос на победите на трки и поради тоа мораме да се сложиме дека тој е најдобриот на сите времиња – објасни Хамилтон.

Аргентинецот Фанџо се смета за кум на Формула 1, а Луис ја има честа да се изедначи со него по бројот на титули, велејќи дека сеуште ја има истата желба и глад за успех како кога бил дете.

Мислам дека Фанџо е кум на спортот и тоа ќе остане засекогаш така од гледна точка на нас возачите. Да се направи тоа што тој го направил во време кога се било толк оппасно мора да се почитува. Почестен сум што ќе го имам моето име крај неговото, горд сум што името Хамилтон ќе биде напишано до неговото.

Ако денеска престанам да се тркам, моето име засекогап ќе биде до неговото. Ако видите колку тешко ни беше од почетокот на оваа ера, од почетокот на оваа година, сеуште се бориме со некои пречки и стануваме посилни секоја следна сезона.

Сеуште возам со се што имам, со посветеноста и желбата од кога имав 8 години што ми се допаѓа. Ќе продолжам така додека можам, не знам до кога ќе ме држи затоа што телото во некој момент нема повеќе да ме слуша – објасни Луис.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.