Хамилтон фокусиран на пневматиците

118

Луис Хамилтон смета дека Мерцедес не смее да направи повеќе грешки во однос на стратегијата со пневматиците претстојниот тркачки викенд. Луис ги заврши двете петочни сесии на второ место и сака да се осигура дека ќе дојде до победа до која не стигна на претходниот тркачк викенд на Силверстон.

Ја комплетиравме програмата денеска, завршивме со сесиите и ги собравме сите информации кои ни требаа за гумите. Болидот е добар, но многу сме блиску со конкурентите.

Треба да се работи многу вечерва. Работевме да ги подобриме стартовите и да се осигураме дека ги познаваме гумтие и нивната температура со цел да бидеме колку што може поблиску со совршени.

Ферари и Ред Бул беа многу брзи денеска и мислам дека утре ќе биде слично, а и во Недела. Ќе биде сериозно голем предизвик и ова не е добра патека за да се погоди се како што треба и проади тоа ќе мораме да дадеме се од себе.

Се работи за техничка конфигурација иако автодромот не е многу долг. Времето беше неверојатно, многу топло што го прави возењето навистина многу тешко и физички напорно – смета Хамилтон.

Поради температурите, некои возачи уште денеска имаа проблем со гумтие кога се обидеа да возат долги серии на ултрасофт што може да донесе интересна стратегија во Недела.


Хамилтон фокусиран на пневматиците

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>