Хамилтон: ФИА ме зезна на СПА пред 10 години

644

Луис Хамилтон ја загуби победата на Големата награда на Белгија пред 10 години, а настанот од 2008 година сеуште предизвикува контраверзии. Тогаш британецот беше член на Мекларен, стјуардите го казнија затоа што го истурка Кими Раиконен и технички заврши на 3то место.

Луис имаше проблеми на последната шикана и се врати на патеката пред Кими, му дозволи на финецот да мине, но на следната кривина го претекна на неспортски начин. По ваквиот потех Хамилтон доби казна од 25 секунди за инцидентот поради “пресекување на шикана и здобивање на предност“, а Фелипе Маса изненадувачки стигна до победа пред Ник Хајдфелд, а Луис беше 3ти.

Не дозволувајте ФИА да ве зезне. Бидете претпазливи. Тие ќе ви кажат дека е во ред да го пропуштите Кими и нема да имате проблеми, а на крајот на трката нема да ви дозволат да победите.

Мора двојно да се осигурате, мора да направите повеќе, пропуштете го Кими и дајте му добра предност за да не може да го искористат тоа како оправдување – анализира Хамилтон по 10 години.

ФИА ја одби жалбата на возачот и не му дозволи повторно да се жали.


Хамилтон: ФИА ме зезна на СПА пред 10 години

6 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>